Фрајбург се проби на второто место во Бундеслигата, дебакл на Унион Берлин

Фудбалерите на Фрајбург се пробија на второто место во германската Бундеслига совладувајќи го дома Келн со 2:0 во рамите на 13-то коло.

Фрајбург до победата дојде благодарејќи на Австриецот Микаел Грегорич со погодок и асистенција. Во 53 минута додаде за стрелецот Јеонг Ву-јеонг а во 64 минута и самиот беше стрелец.

Фрајбург сега заостанува само бод зад водечкиот Баерн Минхен кој е во водство со 28 бодови, додека на третото место падна до ова коло водечкиот Унион Берлин кој беше поразен со 0:5 на гостувањето кај Баер Леверкузен.

Откако првиот дел во Леверкузен заврши без голови, во второто следуваше канонадата. „Аптекарите“ поведоа на самиот почеток од второто полувреме со голот на Роберт Андрих во 46 минута, а катастрофата на Унион ја најави Муса Диаби со двата брзи погодока во 56 и 58 минута. Конечниот резултат го поставија Адам Хложек во 68 и Мичел Бакер во 76 минута.

Ова беше само третата победа сезонава на Баер Леверкузен и сега со 12 бодови се извлече од зоната на испаѓање и е на 14-то место.