Пејачот Арон Картер почина на 34-години

REUTERS/Robert Galbraith/File Photo

Пејачот и рапер Арон Картер, помладиот брат на Ник Картер од бендот Backstreet Boys, починал во саботата на 34-годишна возраст, пренесе BBC.

Интернет таблоидот TMZ објави дека Картер бил пронајден мртов во кода во неговиот дом во Ланкастер, во американската сојузна држава Калифорнија, во саботата утрото. Неговите соработници ја потврдија неговата смрт.

„Сега е многу тешко време, се обидуваме да сфатиме што се случило и што била причината. Подеднакво сме вознемирени како и сите, и се надеваме дека обожавателите може да ги своите молитви и мисли до неговото семејство“, рекле соработниците.

TMZ, исто така, објави дека окружната полиција во Лос Анџелес пристигнала во домот на Картер околу 11 часот по локално време, откако примила дојава за давење.

Картер својот први албум го објави во 1997 година кога имаше само девет години, кога стана детска поп-ѕвезда и редовно се појавуваше на американскиот детски канал Nickelodeon, потсетува The Hollywood Reporter.

Подоцна во својата кариера се сврти кон рап музиката, а глумеше и во театарски продукции како што е претставата „Seussical“ на Бродвеј. Со години се соочуваше со зависности, што понекогаш и јавно го споделуваше.