
Деветнаесетгодишниот Данец Холгер Руне првпат во својата кариера освои турнир од мастерс серијата откако во неделата во финалето во Париз со совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-6, 6-3, 7-5.
За Руне ова беше воедно и првата победа во двата дуела против 16 години постариот ривал, кој пред финалето славеше во тринаесет мечеви со ред.
За данскиот тинејџер ова беше прв настап на Мастерс турнир, а воедно и петто финале во кариерата во кое со победата го поправи својот ренкинг за повеќе од осумдесет позиции.
Освен што ја освои третата титула по турнирите во Стокхолм и Минхен, по два часа и 34 минути игра, Руне од понеделник првпат во кариерата ќе биде меѓу десетте најдобри тенисери во моментов на светот, а на завршниот турнир во Торино, кој започнува на 13-ти ноември ќе биде прва резерва.
Новак Ѓоковиќ ја испушти можноста за 39-та титула на турнирите од мастерс серијата, но тој сѐ уште го држи рекордот според бројот победи на турнирите од овој ранг, бидејќи Рафаел Надал освои 36 а Роџер Федерер 28.
За Ѓоковиќ ова беше 56-то мастерс финале, односно 129-то на АТП турнирите, а во Париз славеше рекордни шест пати.