Северна Кореја симулирала напади врз воени бази

Војската на Северна Кореја соопшти во понеделникот дека неодамнешните воени вежби на Јужна Кореја и САД биле „отворена провокација“, а одговорила со мерки кои симулираат напади врз нивните воздухопловни бази и борбени авиони, објави државната новинска агенција KCNA.

Минатата седмица Северна Кореја истрела повеќе проектили, вклучително и веројатно интерконтинентална балистичка ракета, како и стотици артилериски гранати а нејзината воена авијација изведе 180 летови на границата со Јужна Кореја. Тоа беше одговор на американско-корејските воздухопловни маневри „Vigilant Storm“, “ со учество на два стратешки бомбардера „B-1B“ првпат по 2017 година и американските „невидливи“ ловци „F-35A“. Околу 240 воени авиони учествуваат во заедничките со САД воздухопловните маневри „Vigilant Storm“ во текот на кои авионите изведува лажни напади 24 часа на ден, а кои започнаа на 31-ви октомври а завршија викендов.

„Масивните заеднички непријателски воздухопловни вежби всушност се отворена провокација, намерно ескалација на тензиите во регионот, особено, многу опасна обука за војна со јасен агресивен карактер, директно насочени против нашата држава“, се наведува во објавата на Генералштабот на војската на Северна Кореја, којашто ја цитира KCNA.

Севернокорејската армија, како што се наведува во соопштението, од 2-ри до 5-ти ноември извела низа воени операции како одговор на американско-јужнокорејските вежби „за да демонстрира доследна решителност и одлучна волја да одговори на сериозна ситуација и со целосна увереност на вооружените сили (…) во својата воена моќ“.

„Првиот ден од операцијата, ракетните единици во провинцијата Пјонганг-Пукто лансираа четири тактички балистички ракети, гаѓајќи ненаселен остров симулирајќи напад на непријателски воздухопловни бази“, се прецизира во соопштението.

Пјонгјанг во продолжение најновите заеднички вежби на САД и Јужна Кореја ги оценува како „неприфатливо и непростливо однесување“ и вели дека „колку поупорни се провокативните воени испади на непријателите, толку поконзистентни и безмилосни ќе бидат противмерките“ на Северна Кореја.

Од крајот на септември Северна Кореја активни спроведува ракетни тестирања, вклучително и на балистичката ракета со среден дострел „Хваесеон-12“ и, веројатно, интерконтиненталната балистичка ракета „Хваесеонг-17“ (ICBM).

На 2-ри ноември, Пјонгјанг истрела најмалку 23 проектили во четири фази во еден ден, од кои еден падна блузи територијалните води на Јужна Кореја, а неговата траекторија беше насочена кој југот првпат по крајот на Корејската војна од 1953 година. Покрај тоа, минатата седмица беа одржани низа артилериски гаѓања, вежби на воздухопловните сили и на тактичките нуклеарни единици.

Северна Кореја своите воени активности ги правда како одговор на „провокациите“ од Јужна Кореја, којашто последните месеци, исто така, спроведе низа воени копнени, воздушни и поморски маневри, и самостојно и во содејство со САД и Јапонија.