
Четири лица, меѓу кои и две новинарки, се уапсени во Мадрид под обвинение дека во Музејот дел Прадо оштетиле рамки на скапи слики, а на ѕидот испишале протестна порака против климатските промени.
Две еколошки активистки во саботата ги ставиле рацете на рамките од сликите „La maja desnuda“ и „La majada vestida“, на кои славниот сликар Франциско Гоја прикажал гола и облечена жена. Потоа, меѓу сликите испишале „+1,5C’.
Активистичкото движење Futuro Vegetal ја презема одговорноста за инцидентот, објавувајќи видео од чинот на неговите активистки.
„Минатата седмица ОН признаа дека ќе биде невозможно да се задржи под лимитот на просечното зголемување на температурите за 1,5 Целзиусов степен , договорено со Климатскиот договор од Париз“, објави движењето на Twitter.
Во видеото што го објавија од Futuro Vegetal се слуша гласот на вработената во музејот којашто вика „Надвор!“ и „Срамота!“ и се заканува дека ќе повика полиција.
Музејот дел Прадо по инспекцијата соопшти дека сликите на Гоја не се оштетени, но дека поради допирање со рацете оштетени се скапите рамки кои датираат од 1902 и 1912 година.
Една од активистките јавно ја повика шпанската влада да се вклучи во решавањето на проблемите со климатските промени. Во неделата во Египет започна конференцијата на ОН за климата COP27, која се одржува во годината кога природните катастрофи, коишто некои ги припишуваат на климатските промени за кои тврдат дека се резултат на човековите активности и индустријата, предизвикаа големи штети и вообичаено севкупно во светот однесоа илјадници животи.
Мадридскиот Музеј дел Прадо минатата седмица најави засилени мерки на обезбедување, откако климатските активисти со месеци наназад изведуваат слични акции во повеќе познати галерии во Париз, Лондон, Берлин, Потсдам., Рим, Верона, Мелбурн….
Во неделата полицијата привеле во Мадрид и две новинарки кои работат за весникот El Salto под сомнение дека учествувале во организација на инцидентот во музејот. Тие го снимале настанот и за него известиле во медиумот.
„Новинарката Жоана Химене, соработничка на El Salto, уапсена е заедно со друга новинарка бидејќи известувале за акцијата на граѓанска непослушност која ја извеле две активистки на Futuro Vegetal“, извести на својата интернет страница El Salto повикувајќи се на „слободата на информирање“. Адвокатот на двете новинарки изјавил дека тие во музејот ја извршувале својата новинарска работа.
Четирите осомничени лица во понеделникот се изведени пред истражен судија и се обвинети за нанесување штета на културно наследство и нарушување на јавниот ред.
Федерацијата на новинарските здруженија во Шпанија (FAPE), главната новинарска организација, извести во понеделникот дека двете новинарки „би можело да бидат соучеснички“, па затоа „мора да одговараат како грѓанки“.
„Не се уапсени поради извршување на својата професија, па затоа не можеме да зборуваме на правото на информирање. Се изразиле како граѓанки, не како новинарки, па како граѓанки треба да одговараат“, изјавил Мигуел Анхел Ночеда, претседателот на FAPE за новинската агенцијата Europa Press.
Здружението на мадридските новинари (APM) има спротивно мислење, и тврди дека двете жени биле во статус на новинарки во текот на инцидентот.
„Логично е дека биле повикани на таква форма на протест. Исто како што, на пример, се повикува на протест пред парламентот. Не ги прифаќаме апсењата на новинари“, соопштија од APM.
Здружението наведува и дека новинарите би требало да ја известат полицијата доколку знаеле дека се подготвува вандалски чин. Од APM истакнуваат дека нема да можат да ги бранат доколку се докаже дека на настанот оделе заедно со двете активистки.
ÚLTIMA HORA
Nos pegamos a “Las Majas” de Goya en el Museo Del Prado.
La semana pasada la ONU reconocía la imposibilidad de mantenernos por debajo del límite de aumento del Acuerdo de París de 1.5° de temperatura media respecto a los niveles preindustriales. pic.twitter.com/0buAMbeziJ
— FuturoVegetal (@FuturoVegetal) November 5, 2022