
Водата во Скопје е исправна за пиење, покажуваат анализите направени од страна на Секторот за санитарна контрола во јавното претпријатие „Водовод и канализација-Скопје“.
Оттаму информираат дека резултатите од земени 202 примерока за физичко-хемиска и 202 примерока за микробилошка анализа на водата за пиење одговараат на Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Примероците се земени во период од 31 октомври до 4 ноември.