
Военото обвинителство во Софија обвини армиски полковник дека предизвикал смрт од невнимание и нанел тешка штета на Министерството за одбрана вредна девет милиони лева при тактички вежби. Ова го соопштија од обвинителството во Софија, јави БТА.
Истрагата започна на 9 јуни, откако авион МиГ-29 се урна во Црното Море во близина на Шабла за време на тактичка вежба. Во несреќата загина пилотот.
Во соопштението на обвинителството се известува дека по повеќе членови од Кривичниот законик е обвинет полковникот М.О.
На 9 јуни годинава, за време на тренинг мисија над морското подрачје на Бугарија, авион МиГ-29 на бугарското ВВС изгубил радио контакт и исчезнал од радарот во 00:45 часот по локално време.