
Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион денеска напладне ќе бидат одредни паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).
Пласман меѓу 16. најдобри обезбедија по четири англиски и германски екипи, три од Италија, две од Португалија и по една од Шпанија, Белгија и Франција.
Жрепката од групата на носители ја чекаат Бnерн Минхен Бенфика, Челзи, Манчестер сити, Порто, Реал Мадрид и Тотенхем, додека во група неносители како второпласирани во групната фаза се Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Франкфурт, Интер, Лајпциг, Ливерпул, Милан и ПСЖ.
Првите осминафинални натпревари се закажани за 14, 15, 21 и 22 февруари, додека реваншите ќе се играат на 7, 8, 14 и 15 март идната година.
Финалето е на програмата на 10 јуни на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.