
Во пресрет на протестот против изменетиот Закон за претседател, на улиците во Подгорица има борбени оклопни возила и зголемено полициско присуство, јавија локалните медиуми.
Тие се распоредени пред зградата на Парламентот и Владата. Просторот пред Собранието е ограден со заштитна ограда.
Улиците во главниот град на Црна Гора се преполни со возила со учесници на протестите од 24 општини.
Официјален организатор на собирот е Форум Луча, а граѓаните беа повикани од ДПС на Мило Ѓукановиќ со традиционалните коалициски партнери – СДП, СД и ЛП.
Организаторите бараат повлекување на Законот за претседател и распишување вонредни парламентарни избори.