
Повеќе од 70.000 вработени во 150 британски универзитети ќе штрајкуваат три дена во ноември поради платите, работните услови и пензиите, соопшти Синдикатот на универзитетите и колеџите (UCU).
„Кампусите ширум Обединетото Кралство ќе го видат штрајкот од досега невидени размери“, изјави генералната секретарка на UCU, Џо Грејди во изјавата објавена на интернет страницата на синдикатот.
„Овој спор ја има масовната поддршка од студентите, бидејќи знаат дека нивните услови за учење се работните услови за нашите членови“, додава Грејди.
Синдикатот порачува дека целосниот штрајк ќе се одржи на 24-ти и 25-ти, како и на 30-ти ноември.