
Самитот на НАТО следната година ќе биде во Литванија, најави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Средбата е закажана за 11 и 12 јули во Вилнус.
-Се соочуваме со најсложеното и најнепредвидливото безбедносно опкружување од крајот на Студената војна, а состанокот во Вилнус ќе биде можност шефовите на држави и влади на НАТО да се договорат за следните чекори за зајакнување на нашите способности за одвраќање и одбрана, изјави секретарот изјави генералот.
Според него, учесниците на самитот ќе разговараат за зголемување на трошоците за одбрана и помошта за Украина.
-Во време на зголемена стратешка конкуренција, односот меѓу Европа и Северна Америка во НАТО останува клучен за безбедноста на една милијарда граѓани на земјите од Алијансата, додаде Столтенберг.