Сончево со мала до умерена облачност

Претпладне  по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Наутро температурата е во интервалот од минус 1 до 7  а дневната од 16 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.