
Информатичкиот гигант IBM објави во средата дека го лансирал досега најмоќниот квантен компјутер со ознаката „Osprey“, машина која има 433 кубити, тројно повеќе од компјутерот „Eagle“ најавен минатата 2021 година.
Бројот на квантните бити – кубити, ја одредува моќта на компјутерот од овој вид коишто користат квантна механика, иако разни компании имаат различи тврдење за моќноста на нивните кубити, бидејќи може да се создаваат со различни методи.
Се очекува дека квантните компјутери еден ден ќе ги забрзаат пресметките на некои калкулации милион пати побрзо од најмоќните денешни компјутери.
Дарио Гил, директорот за истражувања во IBM, изјави дека компанијата е на пат да лансира компјутер со повеќе од 1.000 кубити.
„Додека ги поместуваме границите на чипот Osprey кој го најавуваме, доколку го погледате, тој е веќе многу голем. Следната година 1.000 кубити ќе бидат многу големо. Значи, потоа ја дизајниравме и проектиравме целата архитектура за квантната компјутерстика темелена на модуларноста“, истакна Гил.
Во IBM својот модуларен систем го нарекуваат „Quantum System Two“.
„Quantum System Two е првиот вистински модуларен квантен компјутерски систем, така што со текот на времето можете да продолжите да го проширувате на сѐ поголеми и поголеми системи. Модуларноста значи дека самите чипови ќе мора да бидат меѓусебно поврзани“, изјави Гил за Reuters во пресрет на форумот „IBM Quantum Summit“ подоцна оваа седмица.
Во IBM целат овој систем да биде достапен до крајот на следната година и да преставува градивни блокови за „квантно-центричното суперкомпјутерство“ со поврзување на повеќе системи „Quantum System Two“. Од компанијата велат дека со поврзување на овие три система би можело да се изгради систем од 16.632 кубити.
IBM имаат повеќе од 20 квантни компјутери ширум светот, а клиентите можат да им пристапат преку клауд (облачната) технологија.