САД купуваат муниција од Јужна Кореја за Украина

Јужна Кореја првпат во поновата историја ќе продаде артилериски гранати, и тоа на САД кои потоа ќе ги испорачаат во Украина, пишува во четвртокот The Wall Street Journal цитирајќи неименувани американски функционери.

Како што наведува весникот, испораките ќе бидат резултат на „таен договор“ меѓу Вашингтон и Сеул, но не се наведува рокот поради безбедносни причини.

Извори запознаени со деталите од договорот за WSJ тврдат дека САД ќе купат околу 100.000 артилериски проектили од својот сојузник на Корејскиот полуостров, кои потоа ќе бидат испорачани во Украина. Тоа, според извори во Вашингтон, би требало да биде доволно за најмалку неколку неделни интензивни гранатирања на украинската војска врз руските позиции.

Покрај тоа, според соговорниците на весникот, испораките на вооружувањето индиректно преку САД, ќе му овозможи на Сеул да не ја наруши својата одредба да го снабдува Киев со смртоносно оружје.

Таквите испораки на муниција, исто така, ќе им овозможат на САД да ги избегнат значителното намалување на сопствениот арсенал, кој и покрај декларираната поддршка на Украина од најмалку 16 милијарди долари само од почетокот на војната, којшто „брзо се изцрпува“.