
Кина во саботата лансираше уште едно вселенско летало со материјал и продукти за својата новата вселенска орбитална станица.
Ракетата „Долгиот марш 7“, со товарното летало „Тијанжу 5“ лансирано од космодромот Венчанг на јужниот кинески остров Хаинан во саботата успешно се споила со неодамна довршената на вселенската станица „Тијангонг“ два часа подоцна, објавија од кинеската вселенска програма.
Овој лет е дел од подготовките за историскиот чекор во кинеската вселенска програма, односно првата промена на екипаж во Вселената.
Се очекува дека тројцата астронаути, кои за разлика од американскиот назив и рускиот – космонаути во Кина се нарекуваат тајконаути, ќе дојде до неодамна довршената вселенска станица до крајот на ноември, каде ќе им се придружат на колегите Чен Донг, Лиу Јанг и Цаи Ксуже.
Моменталниот екипаж би требало да се врати на Земјата во декември. „Тиајанжу 5“ е десеттата мисија за градење и снабдување на вселенската станица.
Вселенската станица „Тијангонг“ е во рамките на амбициите на Кина да стане вселенска станица и следните години да го фати чекорот, па и да ги надмине водечките вселенски нации САД и Русија.