
Во саботата вечерта околу 20,20 часот со тешки телесни повреди се здобил 16-одишен малолетник кој управувал мотоцикл, кој бил пренесен во Медицински центар-Кичево за укажување на лекарска помош.
Несреќата се случила на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево, во населба Горица, кај бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Г.Н. од Другово, кичевско, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетниккот од Кичево.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кичево.