Утрово снег само на Попова Шапка

Утрово на Попова Шапка има снег, а тоа го најавија и метеоролозите пред неколку дена.

Во текот на ноќта додека врнеше дожд на повеќето пониски места, на Попова Шапка започна да паѓа снег, а тоа беше забележано и преку камерите на „SkiMacedonia“.

 

УХМР и за денеска најави дожд, како и повремени врнежи од снег на повисоките планини.

Од утре исто така нѐ очекува дожд, додека други врнежи од снег во овој момент не се најавени.