
Жена бомбаш самоубиец стои зад вчерашната експлозија во Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а 81 се повредени, соопштија турските власти.
Соопштувајќи го последниот биланс на жртви, турскиот потпретседател Фуат Октај објави дека две лица се тешко повредени.
– Сметаме дека станува збор за терористички напад, додаде Октај и посочи дека според првите информации се работи за експлозија на бомба која ја активирала жена.
Експлозијата се случи во централното градско подрачје во улицата Истиклал.
Претходно говореше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој исто така рече дека според првите податоци се работи за терористички напад.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.