
Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека доколку законот за ЕБОР се донесеше тогаш ќе се дективираат постоечките термоцентралите Осломеј и Битола.
„Од аспект за заемот за ЕБОР во последниот дел се укажува дека ќе се деактивира постоечката ТЕ на јаглен Осломеј до 31.12.2023 година и ТЕ Битола до 31.12.2027 година. Ако Собранието го изгласаше вака предложениот текст , тогаш обврските ќе беа превземени и ќе мораше ова да го затвориме“, рече Стојаноски.
Стојаноски истакна дека во ТЕ Осломеј владата не прави откривка на јаглен.
„Во ТЕ Осломеј, таму никогаш не се работело заради тоа што актуелната влада не прави откривка на јаглен. Прво треба да се направи откривка и некој да седне да го испланира и да им плати налози на луѓето за тие да почнат да работат откривка за да обезбедат доволна количина јаглен за таа централа да работи“, изјави Стојаноски.
Тој истакна дека поради тоа што таа централа не работи, ние сме во вакви проблеми со енергетиката заради тоа што не произведуваме доволно електрична енергија колку што е вкупниот конзум.