
ТМРО бара од парламентарните партии да не се опструира Законот за избори со кој Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг.
„Намерно се молчи и не се постапува по препораките на ОБСЕ за измени во чудниот Изборен закон со 6 изборни единици каде со некаков Донтов модел се додаваат сите гласови на партиите кои немаат 8000 гласа и тоа на начин 70% на првиот и 30% на вториот односно на дпмне и сдсм кои на тој начин добиваат туѓи гласови и астрономски бројки кои не се реални како и пратеници кои не им се освоени. Без една изборна единица нема регуларни парламентарни избори и легитимна власт па редно е демократизација и на Македонската држава и нејзиниот законодавен дом“, истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.