
Во саботата, ќерката на Доналд Трамп, Тифани (29) стапи во брак со милијардерот Мајкл Болос (25) на имотот на татко ѝ Мар–а-Лаго.
Тифани носеше венчаница од „Ellie Saab“, а до олтарот ја однесе нејзиниот татко Доналд (76), а мајката на невестата, актерката Марла Мејплс која се разведе со Трамп во 1999-та година, носеше тоалета во боја на лавaнда со потписот на „Eliie Saab“.
Парот ги размени брачните завети на отворено, по што следеше прием со коктели, а гостите можеа да уживаат во погледот на зајдисонцето.
По ова следеше екстравагантен прием со бенд и танчари кои настапуваа на подиумот, а некои од видеата од танцот станаа хит на Твитер.
Теоретичарите на заговори веднаш почнаа да коментираат дека целиот настан малку наликува на сатанистички ритуал.
hey so while y’all are here can someone take a look at this insta story from tiffany trump’s wedding and tell me what the fuck is going on? thanks pic.twitter.com/gl6tRUMXPU
— regretfully, alise (@AliseNavidad) November 13, 2022
„Зошто овие луѓе се толку морничави“, „Тие се култ“, „Зошто ми се чини дека по полноќ ќе играат криенка во некоја црвена соба“, „Најверојатно ќе почнат да ги играат вторите годишни игри на култот“, „Зошто очите им се затворени на танчарките“, „Ова да не е некој ритуал на култот“, „Сигурно Меланија ги ангажирала“ – стои во дел од коментарите.