
Ракетата којашто во вторникот падна во источна Полска била лансирана од страна на украинските вооружени сили, објави во средата агенцијата Associated Press, цитирајќи претставници на американската администрација.
Според сознанијата на агенцијата, прелиминарните податоци укажуваат дека украинската ракета наводно била истрелана за пресретнување руски проектил, чија цел бил еден од енергетските инфраструктурни објекти во Украина.
Се истакнува дека оваа информација е во спротивност со претпоставките кои претходно ги изнесоа претставници на американската администрација, како и тврдењето на украинскиот претседател Владимир Зеленски, дека руски проектил наводно паднал на територијата на Полска.,
Од своја страна, исто така, во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека податоците укажуваат дека Русија не е инволвирана во инцидентот со падот на ракетата во Полска. Според него, уште во текот на неговите разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц добил информација дека инцидентот може да е резултат на „техничка грешка“.
Полските медиуми во вторникот вечерта објавија дека два проектила паднале во Лублинското војводство на границата со Украина, при што загинале две лица.
Веднаш по инцидентот полското министерство за надворешни работи објави дека паднатите ракети наводно се од руско производство, а претседателот Анджеј Дуда од своја страна истакна дека сѐ уште нема точни информации.
Руското Министерство за одбрана истакна дека руските сили не извеле напад врз ниедна цел во областа на украинско-полската граница, и како опасна провокација ги карактеризираше сите изјави од Варшава и Киев за наводната вмешаност на Москва во инцидентот.
Како што во директно обраќање во живо преки CNN изјави американскиот претседател Џо Бајден по итната средба со челниците на Г7, првичните податоци не потврдиле дека паднатиот проектил бил истрелан од Русија.
Од Пентагон изјавија дека немаат намера да оперираат со шпекулации, туку со факти, за чие разјаснување има можности да се разјаснат.