Бајден: Проектилите веројатно не се истрелани од Русија

Првите информации говорат дека е можно проектилите да не се истрелани од Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден во врска со експлозијата којашто се случи во Полска, во близина на границата со Украина во која загинаа две лица.,

„Не сакам ништо дефинитивно да кажам сѐ додека не биде спроведена целосна истрага. Но, поради траекторијата на проектилите малку е веројатно дека се истрелани од Русија. Но ќе видиме што сѐ истрагата ќе донесе. Иако првичните информации зборуваа дека Русија е поврзана со тоа, прелиминарните истражувањеа тоа го оспоруваат“, изјави Бајден во обраќањето во живот преку CNN.

Бајден во моментов се наоѓа на Бали во Индонезија на самитот на Г20, а пред изјавата одржа итен состанок со другите челници на Г7 – Велика Британија, Франција, Италија Германија, Канада и Јапонија – а на кој учествуваа и челниците на Шпанија и Холандија.

„Но, исто така, Русија со своето делување и натаму ја влошува ситуацијата во Украина“, додаде американскиот претседател.