
Полскиот интернационалец Роберт Левандовски е суспениран на три натпревари поради исклучувањето на мечот со Осасуна. Ова е одлуката на Дисциплинската комисија на Ла лига.
Левандовски одејќи со прстот се чешаше по носот и потоа го покажа кон судијата и излезе. Според извештајот, Левандовски направил гестови со кои изразил несогласување со судијата.
Оттаму Полјакот е казнет со еден меч суспензија поради двата жолти картони, а дополнителни два натпревари ќе паузира поради дополнителното гестикулирање.
Тој нема да игра на градското дерби меч со Еспањол, на дуелот со Атлетико Мадрид, како и натпреварот со Хетафе.