
Времето во Македонија во четвртокот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне.
Ќе дува слаб до умерен, а во попладневните и ноќните часови на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Максималната температурата ќе се искачи до 16-от степен.