
Правда, земјоделство, здравство, образование или животна средина, три од овие министерства ќе добие Арбен Таравари како понуда за влез во Влада, брифира за ТВ 24 висок владин функционер. Дека на маса се овие ресори неофицијално, потврдуваат и од Алијанса за Албанците.
Според истите информации сите три партии во Владата се откажуваат од по еден ресор. И ако Гаши, според владин функционер, реши да го „даде” министерот за здравство, Беким Сали, премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ, Ахмети, сѐ уште не пресекле.
Таравари ќе добие и три заменички министри, а во третиот ешалон се во барањата на Алијанса 30 директорски места.
Според висок партиски функционер во Алијанса, ќе има и содржински пакет, а во него ќе влезе и промената на 20 % од формулацијата на јазикот.