Турската „Текнопанел“ ќе гради фабрика за сендвич панели во ТИРЗ-Скопје

Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 со површина од 54.000 квадратни мерки во кој ќе се произведуваат најсовремени сендвич панели.

Договорот за инвестицијата ќе биде потпишан денеска, а ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Депотовски, пред презентацијата за инвестицијата од претставниците на раководството на „Текнопанел“.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата од 500 водечки индустриски компании во земјата. Има четири фабрики во Турција во Мерсин, Измир, Сакарија и Истанбул.

Одлуката за инвестиција е постигната лани во јули на средба во Истанбул меѓу директорот на ТИРЗ Деспотовски и менаџментот на компанијата.

Според инвестицискиот план,„Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во својот капацитет во ТИРЗ Скопје и се очекува во следните 10 години во земјава да вложи вкупно 150 милиони евра.