
Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед соопшти во петокот дека официјално преземал „соодветни чекори“ откако неодамна неговиот играч Кристијано Роналдо даде контроверзно интервју.
Португалскиот репрезентативец во текот на интервјуто остро критикува дел од соиграчите, тренерот Тен Хаг и челниците на клубот, Притоа не бирал зборови, па зборуваше дека клупското водство „сака да го протера од клубот“, дека „тренерот не го почитува“, како и дека сопствениците и челниците на клубот „резултатите воопшто не ги интересираат“.
„Манчестер Јунајтед во текот на петокот покрена соодветни чекори, како одговор на сето она што го кажуваше Кристијано Роналдо. Додека целиот процес не заврши нема да даваме никакви нови коментари“, официјално објави Манчестер Јунајтед на своите интернет страници.
Островските медиуми пишуваа дека на клубот од „Олд Трафорд“ крајната цел му судски да го раскине договорот со Португалецот, а ставот на клупските адвокати е дека на тоа имаат право, бидејќи во многу делови од спорното интервју Роналдо го прекршил тој договор.