
Актуелниот казахстански претседател Касим-Жомарт Токаев освојува над 80 отсто од гласовите на претседателските избори одржани во неделата, покажуваат излезните анкети.
Според меѓународниот институт за регионални истражувања „Отворено општество“, Токаев освојува 81.45 отсто од гласовите, според информациите за општествени политики на партијата Аманат, тој освоил 85,52 проценти, а според податоците на институтот за комплексни социјални истражувања „СОЦИС-А“, актуелниот претседател освоил 82,02 отсто од гласовите.
Како што претходно објави изборната комисија на Казахстан, прелиминарната процена на одѕивот на гласачите изнесувал 69,43 отсто од 12 милиони изборачи. Најмногу гласачи излегле на избирачките места во југоисточниот регион Жетисус – 81,42 отсто, а најмалку во главниот град Алма Аа – 28,72 отсто.
Според анкетите на државниот радио-телевизиски сервис на Казахстан, најголемата централноазиска земја која минатата година беше зафатена од крвав бунт за кој властите ги обвинија странските служби, Токаев победува со 82,45 отсто од гласови. Другите пет противкандидат освојуваат меѓу 3,33 и 5 отсто од гласовите, според овој извор.
Во Казахстан, поранешната советска република богата со природни ресурси во кои се крстосуваат важни трговски рути, во јануари беше изведен краткотраен насилен бунт, под изговор за безначајно зголемување на цените на горивото која е инаку една од најниските во светот, а во кој учествуваа домашни политички сили со милитанти донесени од странство, а Токаев тогаш обвини „западни и служби на некои соседни земји“, без конкретно да ги именува, дека стојат зад бунтот во кој загинаа 238 луѓе. Ситуацијата беше брзо ставена под контрола со интервенција на регионалниот безбедносен сојуз Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДБК), предводен од Русија.
Овие предвремени избори за 69-годишниот Токаев беа можност да ја зацврсти својата власт. Овој поранешен дипломат од кариера стана непоколеблив челник кој издаде во јануари наредба да се пука во демонстрантите, откако некои вооружени групи убија и обезглавија припадници на казахстанските безбедносни сили. Потоа следеа апсења на функционерите и други лица блиски на неговиот апсолутистички претходно Нурсултан Базербаев, а потоа беше пофален од Западот зошто ја критикуваше војната во Украина спротиставувајќи му се рускиот претседател Владимир Путин.
Токаев, кој на власта дојде во 2019 година по ненадејното повлекување на дотогаш семоќниот Назарбаев, и ја искористи јануарската криза да излезе од неговата сенка, иако долго беше смета за извршител на задачите на неговиот претходник.
Резултатите се дел од долгата изборна традиција во Казахстан во кој резултатите однапред се познати, како што беше на претходните претседателски избори: 71 отсто за Токаев во 2019-та и 98 отсто во 2015 година за Назарбаев.
И покрај плакатите кои ги повикуваа гласачите да го изберат својот кандидат за следните седум години, петте противкандидати на Токаев беа само статисти, а западните аналитичари велат дека служеле само да ги истакнат неговите позитивни страни.
Пред изборите меѓународните набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изразија жалење поради тоа што нивните препораки „за темелните слободи и за условите за кандидирање“ на изборите „не беа прифатени“.