
– Омразата не може и не смее да биде толерирана, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица.
– Не можеме и не смееме да толерираме омраза, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека последниве години ЛГБТК+ заедницата беше цел на ужасно насилство исполнето со омраза“.
Тој потсети дека на неодамна усвоениот, според него „најзначајниот закон за безбедност на оружјето во речиси три децении“.
– Но мораме да направиме повеќе. Треба да донесеме забрана за јуришно оружје, за да го повлечеме од американските улици, рече Бајден.
Пет лица загинаа, а 18 беа повредени во саботната пукотница во геј-клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо.
Осомничениот е во притвор, изјави за новинарите полициската службеничка, Памела Кастро.
„Клуб Кју“ е ноќен клуб за геј и лезби возрасни, со тематски вечерни забави како караоке и „дрег“ настапи и забави со ди-џеи.