
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 23.11.2022 година (среда) поради технички зафати во мрежата без електрична енергија ќе останат следните корисници:
- во време од 1:30 – 14:30 часот корисниците од ул. Георги Скрижевски (о. Центар) и дел од ул. Христо Татарчев околу бројот 140 (о. Кисела Вода);
- од 09:00 – 14:00 часот дел од ул. Милан Марковиќ (о. Карпош);
- од 10:00 – 12:00 часот дел од корисниците на ул. Јабланица од семафорот до градинката на истата улица и погегот кон булеварот Борис Трајковски (о. Кисела вода) и
- во време од 11:00 – 13:00 часот дел од ул. Руѓер Бошковиќ околу бројот 4 (о. Карпош).