10.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Променливо време со силен ветер од 70 км/ч, обилен дожд и снег на планините попладне

Променливо облачно време со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), најавуваат метеоролозите за денешниот ден.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните ќе достигнат максимални 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени.

Утре ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со студени утра и со услови за магла по одделни котлини.