
Данска и Тунис го одиграа во вторникот попладнето првиот натпревар без голови на Светското првенство во Катар, ремизирајќи (0:0) на „Едјукејшн сити стадион“ во ал Рајан во рамки на Фрупата Д
Првото коло во Групата Д ќе се комплетира вечерва со дуелот меѓу актуелниот светски првак Франција и Австралија со почеток во 20 часот.
Претходно од 17 часот ќе играат Мексико и Полска во рамки на Групата Ц во која Саудиска Арабија денеска сензационално ја совлада Аргентина со 2:1.