5.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Тепачка меѓу малолетници кај Транспортен центар, пронајден нож

Во понеделникот вечерта околу 20,20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка кај Транспортен центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници.

По пријавување на настанот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода излегле на местото и во автобус бр.74 на ЈСП кај малолетник од селото Горно Количани, скопско, бил пронајден и одземен нож.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.