
Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, се огласија од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок.
-Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава, се наведува во соопштението.