
Црни фотографии на местото на профилните слики осамнаа утрово на профилите на социјалните мрежи на Џенифер Лопез.
Профилите на Фејсбук и Инстаграм се со црни фотографии, а според коментарите голем број објавени слики на нејзиниот профил на Инстаграм се избришани.
Додека едни обожавателите се обидуваат да дознаат што се случило, други веќе и изразуваат сочувство, додека трети се уверени дека се работи за хакерски напад врз профилите на популарната пејачка и актерка.
Засега нема официјална информација.