Николоски: Постојат сомнежи дека власта го исценира инцидентот со затворената седница на која реферираше директорот Димовски

Во однос на следењето, да имаше АНБ директор за внатрешна контрола ќе можеше да побара соодветната собраниска комисија испитување за работата на АНБ за точно да се утврди кој и зошто физички е следен од страна на опозицијата. Во однос на обвинувањата кон пратеникот Ковачки, тоа е нормално во Македонија, наместо џелатот, да одговара жртвата, па не е проблем што тие го кршат законот, проблем е што некој изнесол во јавност дека законот е прекршен. Точно е дека во Прилеп имаше сериозни сомнежи дека сме следени, бевме во посета на Прилеп и претседателот на партијата и јас.

Во однос на работата на Собранието, ќе ми дозволите ова можеби прв пат ќе оди во јавност, јас се сомневам дека целиот инцидент во петокот беше исцениран. Затоа што немаше друг начин да се спречи работата на соодветната комисија за надзор освен да се исценира инцидент. А после тоа да имаме ваков заклучок во кој меѓу себе треба да се контролираат оние кои го кршат законот. Имено претседателот ан собранието кој е од владејачкото мнозинство вели дека нема да продолжи комисијата која ја води опозицијата се додека не се заврши истрагата и извештајот која ја води МВР која ја води министер од владејачкото мнозинство, па теоретски може истрагата да трае две години и значи дека две години ќе нема комисија што само потврдува дека продолжуваат да ги злоупотребуваат институциите и се плашат од вистината, истакна денеска Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарски прашања во врска со скандалот со државјанството на Онишченко кој е на црната листа на САД.