
Поради верижна сообраќајка во прекин e сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Сообраќајката се случила во близина на патот кој води за село Бигла, а според информации на очевидци кои ги потврдија и од делчевската полиција, во сообраќајката учествувале три возила и еден камион.
Посочуваат дека сообраќајката настанала кога возило со странски регистерски таблички се обидело да го помине камионот.
На лице место покрај полицијата која врши увид е и возило на Итната медицинска помош. Според информации од овие служби нема сериозно повредени лица. Повеќе детали од полицијата најавија во текот на денот.