
Во петокот времето во Македонија ќе биде претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура се движи во интервал од минус 4 до 5 а максималната од 7 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, со максимална температура до 12 степени.