
Полициски службеници вчера во Кочани го уапсиле Е.Д. (45) од Кочани, откако при претрес во неговиот дом пронашле и одзеле марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава.
Истиот ден во истиот град полицијата го упасила и К.А. (33) од Кочани, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, како и бела прашкаста материја која е дадена на испитување. И тој е задржан во полициска станица и за него ќе биде поднесена пријава, информира МВР, додавајќи дека во двата случаи претресите се извршени со судска наредба.