
Десет дена откако американската агенција за вселенски истражувања NASA ја лансираше вселенската мисија без екипаж „Artemis 1“, капсулата „Orion“ влезе во орбитата на Месечината.
Вселенското летало ќе лета 64.000 километри над Месечината, соопшти во петокот американската вселенска агенција. Поради должината на орбитата, на капсулата ќе ѝ биде потребно една седмица да мине половина од орбитата околу Месечината, по што повторно ќе излезе од не и ќе го започне враќањето кон Земјата, наведува NASA.
Капсулата „Orion“, исто така, во саботата би требало да го собори рекордот на најголема оддалеченост од Земјата којашто ја изминало летало дизајнирано за лет со астронаути. Рекордот во 1970 година го постигнала мисијата „Apollo 13“.
Новата вселенска програма „Artemis“ на NASA, по многубројните одложувања, започна минатата седмица со лансирањето н капсулата „Orion“. Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, првпат по речиси 50 години.
Мисијата „Artemis 1“, којашто е без екипаж, ќе ја постави капсулата „Orion“ на оддалеченост од 64.000 километри од Месечината за да ги демонстрира своите перформанси. Откако ќе се врати на Земјата, ќе следи „Artemis II“, што според плановите ќе биде првиот вселенски лет на „Orion“ со екипаж.
Слетувањето на Месечината ќе биде врв на мисијата „Artemis“. Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан ќе се случи најрано во 2025 година. Мисијата ќе одведе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летови „Orion“, кога двајца од нив, од кои најмалку една ќе биде жена ќе минат во леталото на „SpaceX“ за конечни слетување на Месечината. САД во периодот меѓу 1969 и 1972 година испратија 12 астронаути кои слетале на Месечината.