
Тениската репрезентација на Канада го освои Дејвис купот во 2022 година победувајќи ја во финалето Австралија со 2:0.
Во првиот меч од финалето денес Денис Шаповалов го совлада Танаси Кокинакис во два сета (6:2, 6:4).
Вториот поен на Канада и го донесе Феликс Оже-Алиасим со победата над Алекс де Минаур (6:3, 6:4).
Канаѓаните го освоија Дејвис купот за прв пат во историјата.