
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава околу 6:30 часот е регистриран во близина на грчкиот остров Евиа.
Земјотресот бил почувствуван и во Атина.
На истото подрачје, околу еден час подоцна се регистирани уште два потреси со јачина од 4,1 и 4,2 степени.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето, на пет километри од Евиа на длабочина од 13,3 километри.
Засега нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.