
риродните катастрофи предизвикаа околу 115 милијарди долари осигурени загуби од 2022 година до денес, надминувајќи 100 милијарди долари втора година по ред, процени денеска швајцарскиот гигант за реосигурување Swiss Re.
-Ураганот Иан и другите екстремни временски настани како што се зимските бури во Европа, поплавите во Австралија и Јужна Африка, како и градот во Франција и во САД резултираа со околу 115 милијарди долари осигурени загуби од природни катастрофи до денес, се вели во соопштението на Swiss Re.