
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека хаосот во градот е резултат на коалицијата на Арсовска со СДС, и ги повика Данела Арсовска и Димитар Ковачевски како што се договориле за тендерите, така да се договорат и веднаш да најдат решение за приватните превозници се со цел хаосот во градот да прекине.
-Одговорни за хаосот во градот се неспособноста и тендер интересите на тајната коалиција Арсовски и Ковачевски која што вчера беше признаена во изјава на Ковачевски и тајните средби кои што ги имал со Арсовска. Производ на тајните средби е хаосот во градот а интересот се тендерите. Ги повикуваме Арсовска и Ковачевски да најдат решение со превозниците и да го заштитат јавниот интерес, а тоа е скопјани да имаат јавен превоз, потенцираше Стоилковски.