
Во последните контроли на превозот на ученици, сообраќајците низ гостиварско откриле повеќе возачи кои управувале технички неисправни возила, без возачки дозволи и лекарски уверенија.
Од СВР Тетово информираат дека за четири часа, вчера во периодот од 06:00 до 10:00 часот полициските службеници од СВР Тетово на гостиварското подрачје спровеле мерки и активности за подобрување на јавната безбедност.
– Во спроведената акциска контрола се проверувала исправноста на возилата и поседување на соодветна документација за вршење на организиран превоз на ученици. Притоа биле констатирани девет прекршоци од кои четири технички неисправни возила, два – управување на возило без положен возачки испит, еден прекршок за поминат рок на важност на сообраќајна дозвола, наведуваат од СВР Тетово.
Во контролите, полицијата констатирала и две кривични дела по член 284 А и уште две дела за останати прекршоци.