
Во Македонија во петокот претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност.
Следните два дена ќе има преодна стабилизација на временската состојба, па така во петок нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје и околината претпладне со услови за слаба магла, преку денот сончево со умерена облачност и претежно тивко.
Температурата преку ден во благ пораст и ќе се движи во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.