
Израелските воздухопловни сили погодија неколку цели во Појасот Газа рано во неделата, откако неколку часа претходно беше истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската војска.
Погодени е „клучно место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, и тунел на Хамас во јужниот дел на крајбрежниот појас, соопшти израелската војска.
Нападот се случи откако палестинските милитанти во Појасот Газа истрелаа проектил кон израелската погранична област во саботата вечерта, за прв пат во изминатиот месец, пренесува Хина.
Израелската војска соопшти дека ракетната одбрана не била активирана и нема извештаи за жртви или материјална штета. Првично не беше јасно кој е одговорен за нападот. Неколку проектили беа лансирани кон Израел од Појасот Газа на почетокот на ноември.
Два членa на милитантната палестинска организација Исламски џихад беа убиени во четвртокот вечерта во израелска воена операција на Западниот Брег. Исламскиот џихад е особено активен во Појасот Газа и често од таму изведува ракетни напади.
Ситуацијата на окупираниот Западен Брег е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците што започнаа во март, армијата почесто спроведува рации во областа.