
Изминатото деноноќие произведени се 14.032 мегават часови електрична енергија, со што, како што денеска информираа од Владата, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во термоелектраните произведени се 9.470 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 4.562 мегават часови електрична енергија. Преку „ЕСМ Продажба“ набавени се 3.940 мегават часови електрична енергија, наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.