
Петкратниот добитник на Златната топка, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо негира дека потпишал договор со клубот Ал Наср од Саудиска Арабија, објави во изданието за среда портuгалскиот весник Record.
„Не, тоа не е точно“, договара Роналдо на прашањето во врска со договорот со Ал Наср, за што претходно пишуваше шпанскиот дневен спортски весник Marca.
Соработка со Манчестер Јунајтед беше предвреме прекината со заеднички договор минатиот месец по интервјуто во кое Роналдо го откри своето незадоволство од третманот во редовите на Манчестер Јунајтед и менаџер Ерик тен Хаг.
Така во моментов Португалецот е слободен играч, а Marca објави дека тој наводно се договорл со клубот Ал Наср од Ријад, како и дека трансферот треба да биде реализиран на 1-ви јануари.
Според оваа информација, вкупната сума за 2,5 годишен договор која саудискиот клуб требало да му ја исплати на Роналдо изнесувала 200 милиони евра, со што тој би станал најплатениот спортист на светот.
Во моментов 37-годишниот Роналдо ја предводи португалската селекција на светското првенство во Катар и во четвртиналето ќе се соочи со репрезентацијата на Мароко, а амбицијата на напаѓачот е да игра во самата завршница на мундијалот и да се обиде да ја освои единствената титула којашто недостасува во неговата огромна збирка трофеи.
Португалецот е најдобар стрелец во историјата на репрезентативно ниво, освојувач е на тiтулите во најсилните европски првенства и национални купови, во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство со Реал Мадрид. Напаѓачот му се приклучи на Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, откако претходно играше за англискиот великан во периодот меѓу 2003 и 2009 година. Во текот на кариерата настапуваше за португалски Спортинг и италијански Јувентус.